Ин Ситу саем на уметност :: Вкрстувања

Темата на шестото издание на саемот на уметност Ин Ситу е „вкрстувања“. Вкрстувањето е точка на среќавање. Приватниот културен сектор претставен од страна на Ин Ситу и јавниот културен сектор претставен од страна Младинскиот културен центар, е фокусот на оваа година.

По шест години синергија помеѓу организациите, тие одлучија дека треба да се потсетиме на достигнувањата.Како одраз на досегашните успеси, овогодишната соработката се издигнува над очигледните потешкотии во секторот преку обезбедување на меѓународна програма која ги поставува Саемот и Центарот на заедничко тло со тековните глобални теми.

Од 27 до 30 јуни 2019 година, саемот за уметност Ин Ситу и Младинскиот културен центар ќе ги отворат вратите кон поинаков вид на оптимизам, привремено ослободен од товарот на секојдневните грижи. Веруваме дека нашата заедничка работа оддава почит кон потребата од современо размислување за динамиката на нашето општество – коешто во нашите полемики за визуелната, структурната или применетата уметност не смее да биде изоставено.

Ве покануваме да најдете време за вкрстување на вашата љубопитност со нашата програма и да ни помогнете да докажеме дека влијанието на културата никогаш не треба да биде занемарено при мерењето на напредокот.

Изложба фотографии „DESCUBRE SEFARAD“

Пријатели на шпанската култура, оваа година ја одбележуваме 25-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу Кралството Шпанија и Република Северна Македонија и по тој повод Амбасадата на Шпанија во соработка со шпанската мрежа ” Red de Juderías “, еврејската Заедницата на Република Северна Македонија и Фондот за холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Скопско лето, ја организира изложбата на фотографии “DESCUBRE SEFARAD” (ДИСКУВЕР СЕФАРАД).

Инаугурацијата на истата е закажана за петок 5 јули 2019 година, во 20:00 часот во Музејот на холокаустот на Северна Македонија (улица Иљо Војвода, 1000 Скопје), по што следи коктел.

Можете да дојдете и да ја посетите изложбата затоа што претставува единствена можност да ги откриете патеките на Sefarad преку избор на фотографии од еврејски населби во Шпанија, подготвени од шпанската мрежа “Red de Juderías”.

“Red de Juderías” е непрофитна јавна асоцијација чија цел е одбраната на урбаното, архитектонското, историското, уметничкото и културното наследство на Сефардиското еврејско наследство во Шпанија, развивање на културни и туристички проекти и размена на национални и меѓународни искуства. Создаден во 1995 година, на европско ниво, мрежата е основач на AEPJ (Европска асоцијација за зачувување и промоција на еврејското наследство), која работи на развојот на Европската еврејска патека.

Концерт на Minguet Quartett

Мингет Квартет (Minguet Quartet) e основан во 1988 година и се вбројува во најбараните светски гудачки квартети кои гостуваат во сите големи концертни сали во светот. Со своите страсни и интелигентни интерпретации на слушателот му нудат музика која делува благотворно и инспиративно- „ зашто веселоста во звукот и изразувањето со кои ансамблот ги изведува делата го оживува и најмалиот детал“. (Frankfurter Allgemeine Zeitung).

Програмата влкучува дела од:
Клара и Роберт Шуман, Губаидулина, Брамс

Почеток: 19:30ч

Влезот е слободен.

Денови на Чешка култура

Денови на чешката култура

Од 28 мај до 2 јуни ќе се одржат Денови на чешката култура во Скопје. Настаните се организирани и поддржани од амбасадата на Република Чешка во Скопје.

Денови на чешка кујна во ресторан „Пелистер“ 28.5.19 – 2.6.19 – Храна за душа, чешки вкусови кои не се пропуштаат и светиот пијалак на искреноста  – чешкото пиво. Не ги пропуштајте овие денови на највкусни традиционални чешки гастрономски задоволства во комбинација со чешко пиво.

Изложба на чешкиот стрип – 29.5.19 в0 18 часот во ЕУ Инфо центар – Чешкиот стрип моментално поминува низ својата „златна доба“: секоја година се издаваат сe повеќе и повеќе оригинални стрипови, со најразлични жанрови, форми и теми, а најдобрите домашни стрипови може да се споредуваат со врвните светски стрипови. Стриповите станале нераздвоен дел од чешкиот културен пејзаж, што вообичаено се рецензира и се изложува во галерии, а може и практично и професионално да се студира.

На 29.5.19 во 19 часот во ЕУ Инфо центар ќе биде прикажан филмот „Доста се четири убиства, срцка“ (Four Murders Are Enough, Darling) во кој што анимираните сцени се дело на чешкиот уметник на стрипот Каја Саудек. Содржина на филмот: Џејмс Портер пренесува чек од еден милион долари и додека патува во возот почнува да чита стрип. Две гангстерски банди „војуваат“ за чекот од милион долари. Невиниот и наивен учител Џорџ Камел е вовлечен во дуелот на двете гангстерски групи и се смета за убиец, особено кога секогаш штом отвори врата од таму паѓа труп на мртов на човек. Мислењата зошто и дали Џорџ Камел убива се поделени, но откако ќе се најде во подземјето во пресметка со двете гангстерски банди тој е прогласен за херој и ослободен од сите сомнежи. Џејмс Портер со задоволство чита стрипови. Но, кога ќе ја отвара вратата на одделот, на него паѓа мртов диригент.

Концерт на чешката пејачка Vladivojna La Chiaна ден 31.5.19 во 22:00 часот во клубот Woodstock ќе има концерт на чешката пејачка Vladivojna La Chia. Vladivojna La Chia не само пејачка таа е исто така текстописец, композитор и уметник. Многумина ја нарекуваат екстравагантна иако таа себеси не се смета за таква. Додека уживате во музиката на оваа пејачка уживањето ќе можете да го надополните со голем избор на чешко пиво во клубот  Woodstock.

Дипломатски добротворен базар почесно претседателство на чешкиот амбасадорот Н.Е. Мирослав Томан, амбасада на Република Чешка во Скопје – на ден 1.6.19 во 11:00 во ГТЦ ќе се одржи добротворен Дипломатски базар почесно претседателство на чешкиот амбасадорот Н.Е. Мирослав Томан, амбасада на Република Чешка во Скопје. На Дипломатскиот добротворен базар на чешкиот штанд ќе се продаваат чешки суверини, чешко пиво, чешки порцелан, чешки колачиња. За време на базарот ќе можете да го погледнете цртаниот детски филм „Збиднувањата на мравката Ферди“ и ќе можете да уживате во музиката на чешката пејачка Vladivojna La Chia.

Trаsh Fashion

Kако дел Светскиот ден на животната средина 5.јуни, се организира модна ревија Trash Fashion Macedonia чија цел е подигање на општествената свест за значењето и зачувувањето на природата.
Целта на настанот, покрај приклучувањето кон светските напори и акции кои се спроведуваат на овој ден, е подигнување на свеста кај учениците, но и кај пошироката заедница, за намалување на отпадот преку неговата реупотреба.

Овој настан претставува активност со која се анимираат средните училишта со цел на поинаков начин да им се доближи еколошката едукација.

На осмото по ред издание на „Trаsh Fashion“ ќе бидат претставени 40 редизајнирани модели изработени од отпад во конкуренција на 100 средни училишта ширум земјата.

 

Почеток: 17:00

Граѓанин Европа

МакеДокс и Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со радост ја продолжуваат соработката со мајска проекција на Citizen Europe со поддршка од Moving Docs и Goethe-Institut Skopje.

Упатуваме покана до сите патувачи и сонувачи, љубопитни за нови искуства, нова култура, нов живот, а и оние кои не се, можеби ќе се предомислат. Покана до сите поранешни и идни учесници на Еразмус од сите возрасти.

Резервирајте си го 21ви мај за во Амфитеатар 3 на Филолошки. Учесниците во дискусијата по филмот, која ќе ја модерира г-а Тања Кригер, директорката на Гете-институт, ќе ги објавиме дополнително.

Документарниот филм „Граѓанин Европа“ раскажува пет приказни на учесници во Еразмус програмата кои работат, учат и волонтираат низ Европа. Младите протагонисти за прв пат ги напуштаат своите домови за да си докажат дека можат да преживеат во непозната средина. Млади од Франција, Германија, Полска, Бугарија и Етиопија патуваат за Литванија, Финска, Грција и Ирска и мораат да се адаптираат на различни култури и менталитет.

Филмот прави споредба на искуството на денешните млади учесници во Еразмус програмата со првите учесници од 1987. Преку стари фотографии и аматерски видеа тие се сеќаваат на Европа каква била и како тоа искуство влијаело на нив.

Наспроти моменталната европска криза дополнително разгорена од невидената стапка на невработеност кај младите, стравот од бегалската криза и Брегзит, нивните патувања нудат птичја перспектива на еден континент во транзиција и разбирањето за многуте лица на Европа.

Бујрум на филм и дискусија.

ПРО-ЗА БАЛКАН – Интернационален литературен фестивал

Прв ден 19 мај 2019

* Свечено отворање – Даут-пашин амам – 20.00 – 21.15 часот.
* Претставување на писателите и нивното дело.
* Со Алек Попов, Светислав Басара, Јагода Михајловска-Георгиева, Теофил Панчиќ, Једрт Лапух Малежиќ, Тарик Туфан и Ивица Пртењача ќе разговараат Александар Прокопиев, Ермис Лафазановски и Владимир Јанковски.

Втор ден 20 мај 2019

* Ерџан Кесал во Скопје! – отворена дискусија со Ерџан Кесал – Турски културен центар „Јунус Емре“ – 17:00 до 18:00 часот. Модератори: Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски.

* Тркалезна маса „Литература, страв, политика“ – ЕУ инфо центар – од 19.00 до 20.30 часот.

Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на „Скопје fellowship“ програмата. Модератор: Владимир Јанковски.

* Средба на членовите на „Скопје fellowship“ програмата со претставници на Македонска асоцијација на издавачи.

Трет ден 21 мај 2019

* Затворање на фестивалот со доделување на наградата „Прозарт“ – Даут-пашин амам – 20.00 часот.

* Писателите ќе читаат извадоци од нивните дела.

* Musicians’ cut: Гоце Јованоски и Андреа Мирческа ќе изведат експериментална звучна импресија од филмот „Мисија Лондон“.

* Обраќање на лауреатот зa 2019 Алек Попов.

* Обраќање на лауреатот зa 2018 Светислав Басара.

Четврт ден 22 мај 2019

* Дополнителна програма – Прикажување на филмот „Мисија Лондон“ од сценаристот и писател Алек Попов во Кинотека. Предвидено е и обраќање на Алек Попов и панел со Александар Прокопиев – од 21 часот.

Ретроспектива Вим Вендерс – ФФФ 2019

27 мај (понеделник) 20.00
ТОКИО-ГА (Tokyo-Ga, 1985)
„Милозлив поглед, или камерата како гледач / A loving look, or the Camera as the beholder“
реж. Вим Вендерс / Wim Wenders (DE/USA), 92’

Инспириран од филмското наследство на јапонскиот режисер Јасуџиро Озу (Yasujirô Ozu), Вим Вендерс патува во Јапонија во потрагата по она Токио од филмовите на Озу. Во овој до­ку­ментарен филм, наградуваниот режисер и продуцент комбинира инсерти од еден од неговите омилени режисери со сликите од Токио 30 години подоцна – сега бучен метрополис полн метеж – во обидот да открие каде вистинскиот свет и светот на филмот (можеби) се пресекуваат.
Вендерс ги интервјуира верниот камерман на Озу, Јухару Ацута (Yûharu Atsuta) и еден од неговите омилени актери кој игра во повеќето од филмовите на Озу – Чишу Риу (Chishû Ryû). И додека се обидува да го преоткрие Токио низ очите и низ камерата на Озу, Вендерс открива еден нов Токио низ Пачинкото, голферите на градските покриви, неонските светла во Гинза, бејзбол игрите на гробиштата и восочната храна во излозите на рестораните на овој Токио од 80-тите. Две „Приказни од Токио“, на двајца режисери кои се запознаваат токму упатувајќи го погледот/камерата кон ис­тиот град. ТОКИО-ГА беше прикажан во рамките на програмата Извесен поглед („Un certain Regard“) на Канскиот филмски фестивал во 1985 година.

Воведен збор за Вендерс и Озу на проф. д-р Стефан Сидовски

28 мај (вторник) 20.00
СОЛТА НА ЗЕМЈАТА (The Salt of the Earth, 2014)
„Слики кои траат, или уметноста на гледањето / Enduring images, or the Art of seeing“
Реж. Вим Вендерс и Хулиано Рибеиро Салгадо
/ Wim Wenders & Juliano Ribeiro Salgado (FR), 109’

Во текот на 40 години, бразилскиот фотограф Себастиао Салгадо (Sebastião Salgado) патува низ повеќе од 120 земји во светот, по трагите на едно човештво кое постојано се менува, документирајќи ја темната страна на човечката состојба во скриените агли на светот. Тој е сведок на некои од најголемите несреќи во блиската историја: меѓународни конфликти, глад и егзодуси. По повеќе години поминати пренесувајќи ги овие слики на другиот крај од светот, тој тргнува на едно ново патешествие – откривајќи недопрени територии на флора и фауна, и на грандиозни предели како дел од еден огромен фотографски проект кој ѝ оддава почит на убавината на земјата – проектот „Генезис“. Животот и делото на Салгадо ни го откриваат неговиот син, Хулиано, кој го придружува на последните патувања, и Вим Вендерс, кој и самиот е фотограф. СОЛТА НА ЗЕМЈАТА ја освои Специјалната награда во програмата Извесен поглед („Un certain Regard“) на Канскиот Филмски Фестивал во 2014 година и беше номиниран за Оскар за Најдобар документарен филм.
Неодминлив филм за секој оној кој ја сака фотографијата и кој верува дека „чинот на гледање“ не е проста даденост, а дека сликите кои траат – за да се пронајдат, првo треба да се побараат.

29 мај (среда) 20.00
СОБА 666 (Room 666, 1982)
„Иднината на филмот / The Future of Cinema“
реж. Вим Вендерс / Wim Wenders (DE/USA), 45’

За време на 35-тиот Кански филмски фестивал во мај 1982 год., Вим Вендерс поканува група од 15 интернационални режисери да одговорат на неколку прашања за иднината на филмот, еден по еден, во истата хотелска соба (соба бр. 666, Хотел Мартинез). Главното прашање што неговите ко­леги треба да го одговорат гласи: „Дали филмот е јазик кој полека исчезнува, уметност која е на патот да изумре?“ Секој режисер има една 16 мм лента, односно 11 минути да одговори на прашањето. Во општествените науки смислата на стандардизацијата е дека секој човек е изло­жен на истото искуство при прашањето, така што разликите во одговорите можат да бидат ко­ректно ин­терпретирани единствено како разлики меѓу луѓето, наместо разлики во процесот на продуцирање на одговорите. Во СОБА 666 се вклучени и европски автори и холивудски режисери, со наративни и експериментални приоди, мажи и жени кои работат во филмската индустрија и кои ги претставуваат своите филмови или се просто присутни на 35-тиот Кански фестивал. Режисерите доаѓаат од Франција, Италија, Бразил, Либан, Германија, Турција, Филипините и САД, а меѓу нив се Антониони, Херцог, Фасбиндер, Годар…
Филмот кој беше прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2006 претставува продлабочена реф­лексија за иднината на филмот од некои од најголемите режисери на нашето време.

30 мај (четврток) 20.00
ПИНА (Pina, 2011)
„Која иднина на гледањето? / Which future of seeing?“
Реж. Вим Вендерс / Wim Wenders (DE), 106’

Пина Бауш претставува икона на современиот танц. Славна како Исадора Данкан (Isadora Duncan) или Марта Греам (Martha Graham), таа го револуционализираше јазикот на танцот. Создадени за да поттикнат емоција кај гледачот, уникатните мултимедијални креации на Пина нудеа неспоредливо визуелно искуство. Идејата на Вендерс, роденa заеднички со Бауш, беше да снимат филм за танцот каков што не сме виделе дотогаш, филм кој би можел да го позајми најдоброто од новата 3Д технологија (која Вим со нетрпение ја очекуваше) за да му ја подари „третата димензија“ на танцот на филмското платно. Снимањето на филмот беше прекинато од ненадејната смрт на Пина во 2009 година. По извесно двоумење, Вендерс се решава да продолжи со работа на проектот и, зедно со нејзиниот ансамбл Tanztheater Wuppertal Pina Bausch, да сними филм кој нема да биде само филм-омаж за една од најголемите кореографки на нашето време, туку и филм кој низ филмскиот јазик и низ еден филмски поглед најдобро би можел да го „оживее“ светот на танцот. Во време кога на 3Д технологијата примарно беше гледано од комерцијален интерес, Вендерс поставува едно поинакво прашање: На кој начин технологијата може да му служи на погледот и, ако постои разлика помеѓу тоа „да се гледа“ (looking) и „да се види“ (seeing), за каква иднина на гледањето ќе се одлучиме?

Поетри Слем со Себастијан 23

Себастијан 23 е еден од најпознатите и најуспешните германски поетри слемери. Од 2003 година, тој се посветил на оваа форма на литература и истата ја претставува во земјите од германското говорно подрачје. И покрај тоа што е многу ангражиран тој сепак наоѓа време за својот прв настап кај нас во Скопје.

На 20.05.19 година ќе имаме можност да присуствуваме на неговата работилница на Филолошкиот факултет и на настапот во “Јавна соба”.

Проекција на филмот „Исцелител“ и дискусија со режисерот Ѓорче Ставревски

Проекција на филмот „Исцелител“ од Ѓорче Ставревски во ЕУ Инфо Центар. По проекцијата следува и дискусија со режисерот.
*Филмот ќе се прикажува само со англиски титл. Прикажувањето е со некомерцијална цел.

Почеток: 19:00