logo
Events

Cinema:European Film Challenge – Kick Off Event

Blink 42-21 / Блинк 42-21 и Creative Europe Desk MEDIA MK ве покануваат на European Film Challenge – промотивен настан за одбележување на почетокот на првиот филмски предизвик во Северна Македонија.

24.10.2019
19:00 ч.
@ КОТУР

– Најава на првиот Берлинале предизвик
– Прва проекција, по успешната премиера, на краткиот филм “Налепница“ во режија на Георги Унковски.
– Коктел забава и дружење со љубителите на европскиот филм

***

Налепница (2019) – филм на Георги Унковски

По неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, 37 годишниот Дејан во очаен обид да остане релевантен во животот на својата ќерка, запаѓа во серија бирократски стапици кои му го менуваат животот засекогаш.

Актери: Сашко Коцев, Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевски.

Директор на фотографија – Наум Доксевски, Сценографија – Кирил Спасевски, Костим Роза Трајческа, Маска и Шминка – Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Монтажа – Мартин Иванов, Дизајн на звук – Сашко Потер Мицевски.

European Film Challenge

European Film Challenge ги промовира најновите европски филмски изданија и ја поврзува најголемата заедница на филмски љубители.
Предизвикот се случува истовремено во 8 европски земји, меѓу кои за прв пат и во Северна Македонија.

Location: Kotur
Date: 25/10/2019