Настани

Предавања:„Сегален и Рембо, вкрстени портрети“ – книжевно предавање

Средба и предавање на тема патеписна книжевност, со учество на еминентни писатели патописци: Жан-Лук Коаталем, новинар и писател и Рони Демаесенер, библиотекар и историчар.

„Сегален и Рембо, вкрстени портрети“
Писател и новинар по потекло од Бретања, Жан-Лук Коаталем пишува за различни списанија како Grands Reportages и Géo на тема патувања. Романсиер, новелист и есеист, овој патописец ги има објавено расказите „Мисијата во Парагвај“, во издание на Payot/Voyageurs 1993 и „Патување во Виетнам“, во издание на Le Dilettante 1999, La Table RondePetite Vermillon 2008), комични романи како „Капетан“, во изадание на Flammarion 1991, „Синот на факирот“, во изадние на Grasset 1998, Livre de Poche 2001. Коавтор е на два албума со илустраторот Лустал во Casterman.

Библиотекар и директор на часови по Историја на книгата, Рони Демеснер соработува со неколку списанија (Le Carnet et les Instants, Le Spantole, Inuits dans la jungle, …). Пет години по ред анимира книжевни средби во Bozar. Покрај ова, учествува и во подготовка на Речникот Rimbaud во издание на Laffont (2014).
Со симултан превод.

Почеток: 10 часот

Повеќе информации:
Локација: Филолошки факултет Скопје
Дата: 22/03/2019